ВИДЕО: По целиот хаос кој владее во прилепската болница, СДСМ бесрамно организира трибини од областа на здравството


Нема дно кое СДСМ не го проби, тоа се оние во чие време се случува невиден скандал на онкологија, се случуваат немили настани кои завршуваат фатално. Потоа без око да им трепне си организираат некаква си партиска трибина од областа на здравството. Какво бесрамно, нечовечко и дрско однесување, оние кои го уништија здравствениот систем ќе зборуваат за некаква си заштита и грижа за човечкото здравје, истакна Александра Димова, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Наместо централната власт и директорката Кети Смилеска со конкретни мерки да се зафатат со средување на хаосот во здравството, каков што не се памети претходно, се занимаваат и се сликаат на партиски трибини, на кои за иронијата да биде уште поголема главен гостин беше и Венко Филипче, еден од главните виновници за катастрофалната состојба во тој ресор.

Дали овие луѓе ги интересира пожарот и човечките жртви во модуларната болница, ги интересира ли монструозниот случај на онкологија за кој во нормална држава досега ќе имаше почетен исход и поединци ќе беа во притвор?

Ги интересира ли катастрофалното менаџирање во време на корона, период во кој Прилеп поради нивната неспособност беше на врвот на црната статистика по број на починати?

Се осмелија ли да говорат за безредието во прилепската болница, за кое преку неколку прес конференции алармиравме во минатото?

После немилиот настан од пред некој ден оставка е најмалата работа која во овој момент може да ја направи директорката Кети Смилеска, нешто кое требаше да го стори претходно. Доста е со криење зад кратките соопштенија, зад институцијата со која раководи.

Јавноста заслужува одговор лично од нејзина страна за тоа како се организирани дежурствата во болницата. Дали е вистина дека еден педијатар дежура на две одделенија?

Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хирургија?

Дали прилепската болница располага со соодветен транспортен инкубатор за бебиња и доколку не, што е преземено по однос на тоа прашање?

Вината наместо како по обичај да се бара во жртвени јагниња, треба да се побара во лошото менаџирање и незнаењето на раководниот тим. Воедно, доколку директорката нема храброст да си поднесе оставка, го повикуваме министерот за здравство да ја разреши.

Доаѓа време кога ќе се преиспита и работата на финансовиот директор на оваа институција.

Времето на изигрување шерифи со државни коли и ресурси завршува, по падот на СДСМ ќе следи сигурна одговорност за сите што се огрешиле пред законот“, вели Димова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи