Црна хроника во Прилеп – од физички напади до апсења поради дрога

На 14.11.2023 во 14.00 часот во ОВР Прилеп, жена од прилепско село пријавила дека З.С. од друго прилепско село ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 14.11.2023 во 23.30 часот на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Д.(57) од с.Мажучиште, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Притоа, тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против Н.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.11.2023 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(22) од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден, по предходна расправија, со остар предмет го нападнал својот 48 – годишен татко и притоа сам се повредил. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.11.2023 во 02.00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(30) од Прилеп пријавил дека на ул.„Тризла“ бил физички нападнат од Е.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи