ДСЗИ: Медицинската документација за починатото новороденче е уредно водена од двете болници


Ниту во прилепската болница ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени, велат од ДСЗИ. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не констатирал недостатоци во водењето на медицинската документација во прилепската болница и во Клиниката за детски болести во Скопје. ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во двете болници откако новороденче од Прилеп, старо десет дена, почина од сепса на Детската клиника во Скопје.

Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, вели дека нивна надлежност била да ја испитаат целосната документација и за родилката и за новороденчето.

„Ниту во прилепската болница ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот се подготвува и треба да биде готов во текот на денот“, вели Младеновска за МИА.

За овој случај министерот за здравство Фатмир Меџити најави формирање стручна комисија, а прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет по пријава на родителите на починатото новороденче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи