МЗШВ: Исплатени 211,6 милиони денари на 3.397 земјоделски стопанства за продадена или складирана пченица

Facebook
Twitter
Email
Print

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Исплатени се вкупно 2116,6 милиони денари кон 3.397 земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС. Максималната количина на пченица која е прифалтива за остварување на финасиската поддршка од мерката е 5.000 килограми по пријавен хектар, а висината на поддршката изнесува три денари по килограм.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерката 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, вклучително и за сопствените преработувачки капацитети, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, стои во соопштението.

Ваквата мерка Министерството ја креираше за поддршка на производителите на пченица по разговорите со производителите и откупувачите на пченица, со цел поддршка во покривањето на производните трошоци кои ги имаа производителите на пченица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи