ВИДЕО – Ковачевски и Бочварски: Целиот прилепски регион е под голема инфраструктурна офанзива, се гради како никогаш досега


Прилеп го поврзуваме локално и регионално, проекти зацртани пред години ние сега ги реализираме. Комплетно го реконструиравме Плетвар, активно го градиме новиот експресен пат Градско – Прилеп, целиот овој потег е под силен инфраструктурен зафат, истакна денеска во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски.

Го градиме активно и експресниот пат Градско – Дреново до Фариш, со кој овозможуваме поквалитетно поврзување на централниот дел на државата кон Пелагонија, а ја започнавме и изградбата на автопатот Прилеп – Битола и со тоа овозможуваме послесна и модерна врска на коридорот 10Д до Грција. Изградивме и магистрален гасовод низ цела Пелагонија. Прилепскиот регион е само еден од оние во кои реализиравме инфраструктурна офанзива, бидејќи во сите други региони во државата се гради никогаш досега“, додаде Ковачевски.

И министерот за транспорт Благој Бочварски рече дека градежната офанзива во овој регион ќе продолжела со несмалено темпо.

Активно го градиме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш, започна и реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект, изградбата на автопатот Прилеп – Битола, за кој што 32 години граѓаните на Прилеп и Битола очекуваат ваков проект за овој регион. Морам да истакнам дека на последната седница на Влада беше одобрен првиот инфраструктурен проект за изградбата на овој автопат, по што изведувачите веќе ќе можат да работат на останатите процедури. Проектот кој е одобрен е 29 километри, а во наредната фаза ќе се одобрат и останатите километри од трасата која изнесува 40 километри од Прилеп до Битола. Со ова сакам да истакнам дека изведувачите „Бехтел и Енка“ работат на поврзувањето на пристапните патишта со одлагалиштата и работат на геомеханичките истраги на проектите и на сите постапки кои ќе продолжат во наредниот период“, вели Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи