Летечкиот циркус наречен СДСМ, налик на оној од Монти Пајтон го парализираше денес Прилеп, и тоа замислете ни помалку ни повеќе само поради некакви градежни активности на улица Леце Котески, која одамна требаше да биде завршена. Претставници до најнеспособната влада предводена од ДУИ и СДСМ која намерно го пролонгираше асфалтирањето на оваа улица, поради која блокада трпеа штета нашите сограѓани по своите возила и бизнисмените по своите бизниси, денес бомбастично дојде на сликање во нашиот град,истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.
„Откако не им помина манипулацијата, револтот да го насочат кон локалната власт и откако Прилеп поради локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ намерно го кочат на секое поле, конечно се охрабрија да почнат со реализација на макар еден проект. Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии низ Србија и си пее, наместо да се зафати со решавање на најгорливите проблеми. Го остави народот да се бори со преживување во екстремна сиромаштија, благодарение на владината неспособност која дозволи рекордно поскапување на производите, рекордна инфлација и прескапа струја споредено со другите држави.
Како не му е срам да се појавува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој освен што учествува во штетните договори за изградба на автопати за кои граѓаните плаќаат милионски пенали, без притоа да се реализира нивната изградба, ништо корисно не направи во неговиот мандат.
За потсетување, прилепчани имаа министер сограѓанин во овој ресор, несуден градоначалник кој поради својата посветеност на градот во улога на министер, заврши со катастрофален пораз.
Денес дошол и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој освен да се слика пред проекти поддржани од ЕУ, очигледно не знае ништо друго да сработи. Доказ за тоа е и лошата безбедносна состојба во Прилеп и неможноста на раководните кадри во полициската станица во Прилеп поставени лично од него да се справат со високото ниво на криминал, насилството, откривањето на сторителите кои палат и оштетуваат возила и имот на функционери од противничкиот политички табор.
После катастрофалниот пораз на избори кои ќе го претрпат СДСМ и ќе заминат во историјата како најнеспособната власт, следуваат подобри денови за Прилеп и прилепчани. Доаѓа централна власт предводена од ВМРИ ДПМНЕ која наместо да го изолира нашиот град и да го кочи неговиот развој, ќе дава безрезервна поддшка во реализација на многу проекти корисни за градот“, рече Проданоски.