Втор транснационален состанок во рамките на проектот Green Up Yourself

Претставници на ЛАГ АГРO ЛИДЕР на 15ти и 16ти Ноември 2023 година зедоа учество на вториот транснационален состанок во рамките на проектот Green Up Yourself кој се одржа во Рим во организација на партнерската организација CIAPE Италија.

На состанокот беа разгледани резултатите од истражувањето за потребата од зелени вештини и претприемнички вештини кај младите од руралните средини, и обуките кои им се потребни на младите од руралните средини за да ги зајакнат своите зелени вештини и да се подготват да бидат дел од зеленото претприемништво.

Во наредниот период партнерските организации ќе креираат тренинг програма и ќе дизајнираат е-платформа за учење за зелено претприемништво која ќе биде достапна за младите лица од руралните средини, и за сите останати кои би сакале да ги зголемат своите знаења и да ги зајакнат своите вештини во областа на зелената економија за да бидат пококурентни на пазарот на трудот.

Е-платформата воедно ќе овозможува поврзување на младите од руралните средини со претпримачи од европските држави кои се препознатливи по своите успешни приказни во зеленото претприемништво, со цел преку добри практики и споделување на искуства да се поттикнат младите од руралните средини да бидат активни учесници во зелената економија, и двигатели на зеленото претприемништво во руралните средини.

Проектот Green Up Yourself го спроведуваат организациите CIAPE – Italian Permanent Learning Centre (Италија), Área de Empleo e Inclusión Social de Fundación Santa María la Real (Шпанија), CARDET (Кипар), Institute of Entrepreneurship Development (Грција), STEP Institute Slovenia и ЛАГ АГРО ЛИДЕР со поддршка на Еразмус + програмата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи