Ковачевски: Идната година минималната плата ќе биде 22.500 денари

Идната година минималната плата ќе биде 22 500 денари, на историски највисоко ниво, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски кој беше во посета на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп.

„Сите решенија за платите се направени преку дијалог со синдикатите, вклучително Сојузот на синдикати на Македонија како репрезентативен синдикат, меѓутоа на сите средби имаат учествувано и другите поголеми синдикати, вклучително и УПОЗ. Низ таков дијалог успеавме да обезбедиме минимална плата, двојно поголема од тоа што беше претходно и драго ми е што тоа го направивме како Влада. Никогаш досега ниту една влада не направила таков исчекор“, рече денеска премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека ќе се изнајде решение во текот на оваа и идната година, а усогласување со минималната плата ќе има, бидејќи тоа е законска обврска и ќе се случува догодина.

„Зголемувањето на платите е регулирано преку системско решение и Општиот колективен договор. Оваа година имавме десетпроцентно зголемување на платите во јавниот сектор и дополнително исплата на К-15 што идната година ќе биде минимум 30 проценти од просечната плата“, истакна премиерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи