Прво и второ место на македонистите од прилепската гимназија на регионалниот натпревар


Во саботата, на 18.11.2023 се одржа регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Натпреварот се одвиваше во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, а Гимназија „Мирче Ацев“ имаше свои претставници во две категории: натпреварувачи од втора и трета година.

Ивана Атанасоска II-7 го освои првото место со освоени 94 поени (од вкупно 100), а Марија Јованоска од III-8 го освои второто место во својата категорија со освоени 87 поени. Одличниот настап на овој натпревар им овозможи учество и на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој ќе се реализира во скора иднина.

Ментор на двете ученички е професорот Мартин Наумоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи