ВИДЕО – Јовчески: Градинката во Точила ја примивме недоизградена, без денар платен за неа и со огромни пропусти во проектот


Во текот на вчерашниот ден имавме прилика да слушниме и да видиме како изгледаат и како звучат лагите на Власта предводена од СДСМ вклучително и пратеникот од Прилеп од редовите на СДСМ Миле Талески. И онака густиот и отежнат сообрајќај на улицата Леце Котески вчера беше и дополнително блокиран од причина што во нашиот град беа присутни Премиерот заедно со министрите Бочварски и Спасовски на некаков замислен увид во градежни работи, истакна на денешната прес конференција, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Почитувани, жал ми е што не успеавте да соберите храброст да се соочите со тамошните жители и стопанственици па да ги запрашате нив конкретно, да оценат и да кажат дали оваа динамика на изградба е нормална и како што вие кажавте дека ,,пат не се правел туку така“.

Знаеме почитувани за вашата тенденција и одбивност кон локалните власти каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е затоа што ние градиме и работиме во интерес на граѓаните за разлика од моменталната власт која што вие ја претставувате.

Леце Котески е рак рана во нашиот град веќе извесно време а според вашите изјави ќе биде и уште долго за жал на сите нас. За разлика од тоа ние секојдневно асфалтираме улици и имаме во истиот период од започнувањето на Леце Котески па досега, рехабилитирано над 12 километри улици и патна инфраструктура во Прилеп. Имаме проекти кои во континуитет се реализираат за доброто на сите граѓани и во буквално секоја сфера на општественото живеење.

Новата градинка во населбата Точила е еден навистина капитален проект за нашиот град. Тоа е градинка која што ќе згрижи околу 250 дечиња од предшколска возраст од општина Прилеп и нешто кое што е особено важно за нашите сограѓани. Проект кој што во предизборната кампања го ветивме дека ќе го реализираме и одговорно стоиме зад тоа.

Пред фактите, почитувани колеги од власта, не можеме да ја манипулираме јавноста и нашите прилепчани како што тоа вам ви е пракса. Во најмала рака е срамно да тврдите во вашата изјава и да промовирате туѓа реализација на проекти а богами и смешно.

Зборувам конкретно за градинката во населбата Точила која што после моето преземање на функцијата градоначалник беше оставена во оваа фаза (фотографија).

Фотографиите се од надзорниот орган и се направени на 15ти ноември, односно само 2 недели после преземањето на Локалната власт. Ова почитувани што можи да се забележи на фотографиите и што впрочем сите го памтиме и знаеме, беше СЕ’ САМО НЕ ГОТОВ И ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ, како што вие милувате да кажите господине Миле Талески и дека наша обврска било само да направиме технички прием.

Почитувани сограѓани, ние пристапивме одговорно и домаќински во продолжение на овој делумно започнат проект при што констатиравме низа пропусти во самиот проект, технички недостатоци и што ли уште не.

Пристапивме кон решавање на недостатоците и со гордост можам да истакнам дека сега се наоѓаме во завршна фаза и пред конечно пуштање во употреба на оваа градинка. Градинка која што чини над 130 милиони денари и која што веќе ја реализираме и исплатата што не беше ниту денар започната од претходната власт.

Почитувани сограѓани, фактите и реалноста е оваа и сите ја знаеме. Добро е кога се работи чесно и одговорно и во интерес на сите вас, моите сограѓани. Манипулациите и лагите на претставниците на Власта предводена од СДСМ се само последен крик и сламка за која што мораат да се фатат затоа што друго немаат што да понудат.

Со јасна визија и план за дополнителен развој на Прилеп продолжуваме и во наредните 2 години а особено со формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ што ќе значи реализација на нови капитални проекти за општина Прилеп.

Реалноста е оваа, продолжуваме посветени за Прилеп!“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи