ВИДЕО – Илиески: Катастрофални се поднесените измени на Законот за младинско учество и младински политики


Катастрофални и поразителни се поднесените измени и дополнувањата на Законот за младинско учество и младински политики кои ги поднeсла група на млади пратеници. Ова е ставот на Младинската коалиција СЕГА според коja наместо одење напред и подобрување на состојбите со младитеа новиот закон ако се усвои ќе донесе само назадување на целиот процес.

Во многу елементи предлог измените ги ослободуваат од одговорност локалните самоуправи да го поддржат учеството на младите, да го засилат гласот на младите, да отворат младински центри. Сега, со предлог измените едноставно се амнестираат институциите на локално ниво кои со постојниот текст требаше да го обезбедат и да го загарантираат учеството на младите“, вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Според Илиески од СЕГА за овие измени воопшто не биле консултирани младите ниту пак граѓанскиот сектор, кој повеќе од 2 децении се бори младите да го добијат заслуженото место во општеството и конечно да се слушне нивниот глас.

„Треба да се слушнат оние кои го практикуваат законот, тука се општините, службениците за млади, локалните младински совети, постојните младински центри. Тие се оние кои знаат што му недостига за законот да биде подобар. Без никој нив да ги праша не може да поднесе измени. И, не може да има учетво на младите без нивно директно вклучување“, додаде Илиески од СЕГА.

Општина Прилеп е една од Општините кои веќе го формираа Младинскиот совет кој што треба своите барања да ги достави до Општината.

„И официјално да се достават сите барања кои што локалниот младински совет ги има до Општината, а како што знаете и како што во овој дел произлегуваат и сите обврски од Законот за млади и младинско учество, локалниот младински совет е советодавно тело на Советот на Општина Прилеп“, истакна Гоце Бумбароски, советник за млади во Општина Прилеп.

После ваквите реакции на граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика се очекува повлекување предложените измени на законот и пристапување кон донесување на нови во консултација на засегнатите чинители.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи