Доколку поседувате народни носии кои не ги користите донирајте ги во КУД „Мирче Ацев“


Доколку поседувате делови од народни носии во својот дом, а не ги користите и размислувате што да им правите, донесете ги и донирајте ги во КУД „Мирче Ацев“, бидете сигурни дека ќе се грижиме за нив, ќе ги користат нашите играорци и играорки, ќе ги промовираат преку нашите настапи и едноставно ќе им го продолжиме векот на траење, велат преку соопштение од КУД „Мирче Ацев“.

Имајте на ум дека секоја носија што не се употребува и само стои складирана во ормари, долапи, касели или ковчези, со текот на времето, сакале или не, станува отпад! Ги повикуваме сите граѓани кои во својот дом поседуваат цели или делови од народна носија и сакаат истата да се зачува, негува и комплетира да ги донираат истите во просториите на домот „Спиро Забрчанец“, секој понеделник, среда, петок и сабота во периодот од 19 до 21 часот. Со вашата донација ќе имате значаен придонес во зачувувањето на ова културно богатство, на нашата жива традиција. Секоја нишка, секој дизајн раскажува приказна за нашата историја, обичаи и идентитет, да се потрудиме да ги зачуваме и достојно да ги претставиме пред целиот свет“, велат од ова друштво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи