Фатени двајца дрвокрадци од Прилеп со запрежни возила и моторни пили кај Вештачкото езеро


На 24.10.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на патниот правец кон Вештачко езеро, непосредно пред место викано „Стар присад“, затекнати биле М.Р.(29) и Р.В.(42) двајцата од Прилеп со две запрежни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва од околу 1.5 м3,  како и една моторна пила.

Дрвнатата маса и моторната пила биле одземени и предадени на Национални шуми-ПСШ-Црн Бор Прилеп. При постапувањето како и обиколка на теренот во место викано „Студенец“ пронајдени биле и 8м3 дабови и букови дрва при што известени биле Шумска полиција и „Национални шуми-ПСШ Црн Бор-Прилеп“ за понатамошно постапување“, информираат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи