ВИДЕО- Тутунарите револтирано ја напуштија средбата со откупувачите, засега нема покачување на цените


Членовите на Сојузот на земјоделски здруженија кои се легитимен претставник на тутунарите денеска револтирано ја напуштија средбата со откупните фирми која се одржуваше во Министерството за земјоделство. Откупните фирми не сакаат ниту денар да ги покачат цените на тутунот. Според тутунарите доколку не се покачи тутунот, тоа ќе биде катастрофално за оваа гранка, а в година ретко кој и ќе сади.

Затоа што оваа година како што знаете преполовен е родот за разлика од лани, со таа мала количина ние не можеме ни да се прехраниме, а не да почнеме на пролет за наредна сезона да го садиме тутунот. Ќе се доведиме во ситуација да напролет да нема кој да го сади тутунот и да го снема тутунот од нашите ниви“, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Тутунарите сакаат покачувањето да биде минимум 20% по класа. Моментални цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 денари за трета класа. Денеска не почувствувале ниту некоја поголема заштита од Министерството за земјоделство.

На средбата беше присутен замникот министер и дури бевме ние, додека ја напуштивме седницата немаше никаква реакција од заменикот министер.

Значи немате заштита?

Па може така да се кажи“, кажа Менде Мицаноски, член на Сојузот на земјоделски здруженија.

Откупот веќе започна на 15 ноевмри, а законска можностѕ истиот да го спречат тутунарите немале.

Ние после законскиот рок ние немаме право да ги стопираме поверениците, тоа е лично нивно дали тие ќе појдат на вагите. Ние ниту ги запираме, ниту ги тераме да појдат на сила“, додаде Стомнароски.

Родот годинава е преполовен. Откупувачите бараат според договорите 26 милиони килограми, а родот годинава нема да биде поголем од 13 милиони кг.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи