„Мал, ама голем климатски херој“ – иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со СОУ „Орде Чопела“ Прилеп

Учениците од СОУ “Орде Чопела” Прилеп во соработка со ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја спроведуваат иницијативата „Мал, ама голем климатски херој“ во рамките на која учениците ги зајкануваат своите вештини за следење и намалување на влијаниетот на климатските промени.

Овие активности се дел од проектот „ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ПРАКТИКИ ЗА РЕШЕНИЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ“ спроведуван од СОЛАР Македонија, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Избор Струмица кој обебеди поддршка во набавка на опрема за еко катче и мерни инструменти кои учениците ќе ги користат во наставата за спроведување на добри практики и креирање на решенија кои ќе го намалат влијанието на климатските промени со фокус на земјоделскиот сектор.

*Проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“ е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи