Повторно блокиран патот Прилеп – Градско од страна на вработените во Еуроникел

Facebook
Twitter
Email
Print

Блокадата на патот Градско – Прилеп продолжува додека не биде исплатена платата за октомври, изјави денеска претседателот на Синдикат во „Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев.

Тој уште еднаш повика на помош и поддршка за спас на фабриката, од која директно зависат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и претставува значаен субјект за кавадаречката, но и македонската економија.

Ѓорѓиев апелираше за разбирање од страна на државните органи, исплата на повраток на ддв, а истовремено ги повика странските газди да го остават гигантот ако не мислат комбинатот да работи и да се изнајде инвеститор кој ќе ја врати во живот фабриката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи