elementor-template id=”64379″]
Се уште трае потрагата по 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје која повеќе од 48 часа се води како исчезната. Нема детали околу истрагата и дали има некаква трага, а од МВР објаснуваат дека е формиран специјален штаб за исчезнувањето.
Во центарот на Скопје се залепени фотографии од девојчето со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на некоја информација. Последниот сигнал од нејзиниот телефон бил лоциран на булевар Партизански одреди, спроти Универзалната сала.
Девојчето како исчезнато беше пријавено во понеделникот од страна на нејзината мајка. Вања заминала кон училиштето Песталоци во 7:20 часот, но мајката добила повик дека не стигнала на првиот час. Кога Зорица, мајката на Вања ја побарала на телефон веќе во 7:35 таа била недостапна. Тоа било сигнал дека нешто не е во ред со Вања бидејќи пред да замине во училиште таа била добро располoжена и со ништо не укажувало на овој момент.
Од вчера Вања Ѓорчевска е ставена на сајтот на МВР како исчезнато лице. Со опис на нејзиниот лик висока 175, со кафена коса и бемка на лицето е надеж дека за сите дека некој ќе се присети дали го видело девојчето и да пријави во МВР. Апелот е објавен и на сите јазици за во регионот со нејзина слика и порака секој да се јави на 112 за било каква информација.
Јавноста е исклучително вознемирена од настанот бидејќи се работи за исчезнато дете и тоа во еден од најфреквентните делови на Скопје.