Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата, но само кај домаќинствата чии броила се сетирани

Facebook
Twitter
Email
Print

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот. Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот.

„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден“, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Но сепак евтина струја од утре нема да имаат сите домаќинства тука само они чии броила се сетирани. ЕВН од утре ќе почне да ги сетира броилата, па граѓаните пред да ја користат дневната евтина тарифа треба да проверат дали им е извршено сетирање.

„Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место. Од 1 декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. На екранот на броилата се појавува ознака Т1 за висока тарифа и Т2 за ниска тарифа, што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот“, велат од ЕВН.

Корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15 часот  доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи