Засадивме 150 дрвца на неколку локации – во средното училиште и по т.н. „корзо“. На местото каде што беа пресечени неколку дрва, засадивме десетици нови за да ја зачуваме убавината и пријатноста на овој простор, особено за прошетки во летните месеци, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
„150 дрвца за младите, највозрасните, за поубаво Крушево, за чување на природата.
Заедно со младите од СОУ „Наум Наумовски Борче“ го разубавивме и дворот на училиштето, а во наредна фаза ќе засадиме дрвца и во сите останати училишта.
Најголемата заслуга оди за ПСШ Липа“, рече Христоски.
Оваа акција се спроведува во рамки на „Генералка викенд“ на организацијата „Мен енд Маунтин“ (Man and Mountain) кој вклучуваше акција за чистење на град Крушево во месец мај.