ВИДЕО- Ковачевски: Очекувам конструктивна лидерска средба, датум за избори некаде крајот на април или мај


Очекувам конструктивна лидерска средба на која ќе учествуваат сите политички партии застапени во парламентот, бидејќи тоа е начинот на кој функционира едно демократско општество каде сите кои учествуваат во еден натпревар треба да имаат збор во начинот на кој се организира натпреварот, истакна денеска премиерот Димитар Ковачески.

„Ова ќе бидат први редовни парламентарни избори во нашата држава по 2006 година, бидејќи досега сите парламентарни избори беа вонредни, некогаш иницирани по аеродроми, некогаш беа договарани во Пржино, некогаш беа договарани како резултат на блеф од некого за да добие некаква друга корист во политичкиот спректар.

Меѓутоа важно е дека Северна Македонија е стабилна држава, држава која сигурно чекори во европските интеграции и затоа заслужува да има редовни избори и ние ќе имаме редовни избори. Во однос на нивното одржување финалниот збор ќе го кажат партиите, но ако погледнете во календарот мај нуди можност за редовни избори, претседателски и парламентарни. Но треба да се почитуваат и верските празници, знаете дека април е месец на Рамазан, почетокот на мај е Велигден и имајќи ги во предви д верниците кои ја чествуваат и христијанската и муслиманската вера треба да биде определен датум кој ќе одговара и на одржување на демократски избори и на чествување на сите празници кои ги има.

Мај тоа го нуди, крајот на април и мај, и сметам дека тоа некаде во роковите во кои може да се постигне договор“, истакна Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи