Инклузијата на децата со попреченост во образовниот процес оди со потешкотии, а главна причина за ова дел од училиштата сметаа дека лежи во тоа недостастувааат дефектолози или специјални едукатори како образовни асистенти. На нивно место се вработувале лица од сосема неадекватни профили за ваков вид на работа.
„И тие асистенти кои ќе се вработат како асистент за дете со посебни потреби по еден месец работата му изгледа тешка и заминуваат. Така што се создава еден недостиг на адекватни асистенти и самите наставници не можат да се соочат со предизвиците кои ги има едно такво дете, еден таков ученик“, вели Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.
Од ООУ „Кочо Рацин“ од Битола каде има Ресурсен центар кој ги распределува овие образовани асистенти во 18 општини од југозападна Македонија велат дека според нивните сознанија немало проблем со бројот на образовни асистенти, се што било побарано од училиштата било одобрено.
„Во нашиот реон согласно пратените барања на директорите од општинските училишта секаде е покриено со образовен асистент согласно законската регулатива. Доколку има некои дечиња на кои што му се потребни образовни асистенти, а кај нас не е пратено барањето, во тој случај ние немаме информација дека некаде немаме пратено образовен асистент“, вели Д-р Валентина Стојкоска, директор на ООУ „Кочо Рацин“ со Ресурсен центар Битола.
Освен зголемување на бројот на образовни асистенти според експертите се уште требало да се работи на подигнување на јавната свест за овие лица.
„Треба многу повеќе да се делува на општествената свест и продлабочување на соработката на сите чинители на општеството кои се вклучени во инклузивниот процес“, истакна Емилија Ралоска Бундоска, специјален едукатор и рехабилитатор.
Родителите на овие деца се соочуваат и со одредени финансиски проблеми. Само еден родител може да работи, а другиот мора да го чува детето. Бараат надоместок на попреченост да се дава и над 26 годишна возраст за сите категории вакви лица.
„Барање ако можи да се смени сите лицава што се со попреченост да имаат некоја дополнителна сума на средства“, изјави родител на дете со посебни потреби.
Како помош на овие семејства се двата Центри за лица со попреченост во Прилеп кои работат според сите стандарди и им се од огромна помош на родителите, тука се вклучени и деца над 26 годишна возраст кои не се .
„Голем дел од лицата со попреченост се инклузирани уште од најмала возраст се вклучени во градинки, потоа впо основно училиште каде имаат образовани асистенти, од тука продолжуваат во средните училишта“, истакна Снежана Јошеска, социјален работник.
„Сме во можност и успеваме да им пружаме добра заштита на овие лица да поминуваат квалитетно добар дел од својот ден тука, за нивна социјализација, вклучување понатамошно во општеството, но и за одмена на родителите кои може да имаат слободно време во текот на денот кое може да го искористат за домашни активносто или да се вклучат во работен процес“, додаде Дејан Тошески, директор на Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.
Во оној момент кога родителите нема да можат повеќе да се грижат за овие лица има организирано услуги како помош и нега во домот и малите групни домови каде овие лица би имале 24 часовна поддршка.