На 03.12.2023 на ул.„Сашо Китаноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(28) и Б.М.(27), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.