Спасовски: Убиството на малолетничката, според исказите на сведоците, е извршено на локација надвор од Скопје

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето каде било извршено убиството, појасни дека утврдено е дека двете лица кои биле со возилото „цитроен“, по претходно добиена информација која ја имале вечерта пред извршувањето на грабнувањето дека девојчето ќе биде само и во колку часот, во влезот од зградата го земаат и потоа било внесено во возилото.

„Пред возилото ‘цитроен’ се наоѓа возилото ‘рено’, кое што цело време се движи пред нив и е однесено на локација надвор од Скопје. Според сведоците таму е извршено убиството, а после тоа е запалено возилото“, истакна Спасовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи