На 03.12.2023 во Скопје се одржа Државното екипно првенство за сениорки- ки мешани тимови. На ова Првенство учество зедоа вкупно 4 екипи од 4 клубови членки на ЏФСМ.
ЏК Сеишин-Прилеп ја освои вице шампионската титула на ова екипно натпреварување. Имено по остварените победи над ЏК Пролетер – Прилеп и ЏК Дрим – Струга во финалната борба се сретна со ЏК Миоки – Скопје од кого загуби и се закити со сребрен медал во екипна конкуренција.
Тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески кои го предводеа клубот се задоволни од прикажаното на екипата која воглавно беше помлад состав од кадети и јуниори и со сигурност во иднина ќе освојуваат и поголеми резултати!!!
Со овој натпревар е завршен циклусот на државни натпревари за 2023 година.