Обид за киднапирање на деца од училиште во село Карбинци – МВР демантира

Денеска во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско, се случил обид за киднапирање на две деца. Според првичните информации од директорката на училиштето Наталија Костова, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе да внесат две деца во возилото. Биле спречени од други деца и од персоналот.

Според Костова, едно од децата кои биле на мета на киднаперите било со македонска, а пак другото со турска националност. Истакна дека моментално полицијата е во училиштето и се работи на расчистување на случајот.

Министерството за внатрешни работи пак, го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“  во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи