Притвор за таткото на Вања – потерница за Палчо

Facebook
Twitter
Email
Print

48 часовен притвор за таткото на Вања вчера доцна попладнето одреди судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд. По 24 часа поминати во станица тој ноќеска се пресели во истражниот затвор.

„Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот обвинител и на четвртиот приведен му определи мерка притвор од 48 часа“, изјавија од Основниот кривичен суд Скопје.

Четворица приведени засега имаат ваква куса мерка од 48 часа додека МВР да ги поднесе кривичните пријави до Обвинителството за убиствата на Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Ако се утврди дека станува збор за организирана група која изнудувала пари заедно со главниот осомничен киднапер и убиец Љупчо Палевски кој е во бегство, тогаш случајот може да го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал.

По поднесувањето на кривичните пријави со обезбедени докази, ќе биде дадена наредба за истрага за бруталните убиства кои ја потресоа јавноста. Потоа, ќе се бараат мерки притвор од по 30 дена за осомничените.

Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде меѓународна потерница по Љупчо Палевски со прекар Палчо, првоосомничениот дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на 27 неоември, и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на 22 ноември.

За избеганиот Палевски Обвинителството веднаш даде наредба за почнување официјална истрага, побаран е притвор од 30 дена во отсуство и веднаш одобрен од судијата и истиот ќе почне да се спроведува од моментот кога ќе биде фатен од Интерпол и спроведен во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи