Спасовски: Монструмот осомничен за грабнувањето и убиството на Вања е фатен во Турција


Колегите од Турција денес ме известија дека е фатен Љ.П., осомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и за убиството на 74-годишниот Панче Жежов, соопшти вечерва на вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Осомничениот за двојното убиство е фатен во турскиот град градот Баликесир.

„Она што сакам да го споделам со вас како посебна обврска како човек, како родител, но и како министер е дека колегите од Турција ме известија дека креаторот, планер, главен координатор и директен извршител е фатен на нивна територија. Тоа е и последната алка од овој грозоморен чин за да кажеме дека сме завршиле сѐ за ова свирепо убиство“, рече вечерва Спасовски.

Спасовски ја опиша и рутата на Палевски од Белград до турскиот град Баликесир, каде што беше уапсен од турската полиција.

Палевски од Скопје со својот адвокат, со негово возило шкода суперб, стигнал до Белград. Таму преноќил во еден хотел. Наредниот ден го презело друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија, по што влегол во Турција во градот Баликесир.

„Лице од Скопје, негов адвокат, прво со возило „шкода“ го однел во Србија. Таму е оставен во еден хотел. Следниот ден, друго лице од Скопје го презема со џип и преку граничниот премин „Градина“ влегува во Република Бугарија, а потоа и во Турција. Таму оди во градот Баликесир. Нашите служби стапуваат во контакт директно со нивни оперативни извори кои за кратко време ни кажаа дека лицето се наоѓа во градот. Тој имал намера оттаму да замине во Истанбул. Во Баликесир останал неколку дена и најмил такси-возач за да замине во Истанбул, но практично симулирал и повторно се вратил во градот. Но, денеска бил уапсен додека се движел пешки на автопат во близина на Баликесир. Огромна благодарност до колегите од Турција и за сите колеги што беа по рутата на движењето и од Србија и од Бугарија и од Турција. Колегите од Хрватска сами направиле проверки и нѐ информираа дека лицето не било таму“, додаде Спасовски.

Лицето што го возело Палевски од Белград до Палевски е приведено на граничниот премин Дојран и тоа сѐ уште е во полициска станица. Спасовски рече дека приведените лица се малоумни, дека се монструми, а кажа и дека малолетната Вања е пронајдена со прострелна рана.

Спасовски потврди дека на територијата на Скопје се пронајдени два пиштоли, кои допрва треба да се вештачат.

Сега се чека да заврши постапката за екстрадиција при што Палевски веднаш ќе биде донесен во земјава. Министерот Спасовски рече дека кривичната пријава против петте осомничени лица веќе е изготвена на повеќе од 100 страници и предадена е во Основното јавно обвинителство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи