ВИДЕО – Недоволно се користат ресурсите и капацитетите на верските заедници за подобрување на состојбата во повеќе сфери


Различностите наместо како пречка треба да се гледаат како предност во развојот на едно општество, а за тоа најмногу може да придонесат ресурсите и капацитетот со кој располагаат различните религиозни заедници. Ова е ставот на граѓанската организација СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп кои веќе подолг период се занимаваат со оваа проблематика. Тие сметаат дека институциите треба повеќе да ги користат верските заедници кои може многу да помогнат во подобрувањето на состојбата во повеќе општествени сфери. Засега овие ресурси не биле доволно искористени.

„Од тука ние сметаме дека верските заедници со нивниот капацитет со бројноста на нивните членови, со ресурсите кои ги имаат, со пристапот до заедниците токму можат да придонесат во развој на општествените процеси бидејќи самите тие помеѓу себе, а и со целото наше општество споделуваат заеднички вредности, а тоа е унапредување на состојбите, помош на маргинализираните заедици, ранливите категории на граѓани, едукација на младите па се до прашања кои вклучуваат и заштита на животна средина, капацитетот на овие верски заедници може и навистина треба да биде искористен и од страна на граѓанскиот сектор и од страна на институциите повеќе да ги вклучуваат овие заедници со нивните капацитети за да може да се придонесе кон заеднички акции“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.

Граѓаните пак оценуваат дека меѓуетничките и меѓуверските односи тука отсекогаш биле добри. Соживотот е нешто кое постоело отсекогаш и не треба друг да не учи на него. Пред се радува фактот што овие се пред се ставови на младите.

Имаме искрено другарче, сега со нас учи, Бермин, моментално е на болница, сега ќе одиме да го посетиме и си живееме. Можам да речам дека баш добро, и тој нас нѐ почитува и ние него, така да нема врска етничката припадност“, вели еден млад граѓанин.

 

Да се сакаме и да се почитуваме, тоа е најбитно од сѐ, без разлика на вера, боја на кожа, сѐ“, додаде неговиот другар врсник од средно училиште.

 

Јас искрено да ви кажам имам работено во средина каде се од друга националност, имавме многу добри меѓучовечки односи и така ги сваќам и ден денес“, истакна една прилепчанка.

 

Братски треба да биде, сето братски, друго што, од тоа подобро нема“, кажа друг граѓанин.

Немањето на доволно дијалог помеѓу верските заедници секогаш ја остава отворена вратата за влезот на дезинформациите, шпекулациите кои пак со себе ги носат меѓуверските и меѓуетничките конфликти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи