ВИДЕО – Дуалното образование се попривлечно за македонските компании како извор на работна рака


Годинава веќе се вработија дел учениците од првата генерација на дуални паралелки во Прилеп од СОУ Ристе Ристески Ричко. Дуалното образование имаше два профили, техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство, според германскиот модел на ваков вид на образование. Овој систем се смета како еден од излезите за дефицитот на стручна работа рака. Охрабрени од ова и македонските компании годинава побарале дуални паралелки за машински техничар и машинско енергетски техничар.

Карактеристично за овие 2 профили е што имаат и меѓуиспит кој се остварува со помош на германската амбасада. Во трета година се врши првиот испит каде што учениците полагаат и со тој сертификат подоцна можат да конкурираат на европскиот пазар, бидејќи сертификатот е меѓународно признат“, истакна Цветанка Ѓорѓиеска, директорка на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп.

Дел од компаниите бараат државата да воведе и дуални паралелки и за другите професии за кои што има потреба на пазарот на труд.

Стопанството бара машинобравари, заварувачи, но во нашето училиште сега имаме само автоелектроничари, електроничари, автомеханичари, но за жал машинобравари и заварувачи немаме. Да се надеваме дека Министерството за образование и наука ќе има слух да ни ги одобри тие паралелки“, додаде Ѓорѓиеска.

В година ќе заврши и првата генерација од СОУ „Ѓорче Петров“, каде има дуални паралелки во рударско геолошката и текстилно кожарската струка. Она што тука е остава впечаток е дека рударската струка иако доста добро платена, се работи само со машини, Прилеп Општина со најголем број на рудници, не е атрактивна многу за младите.

Со овој начин на учење корист имаат и учениците и компаниите. Учениците практично и директно на работни места се усовршуваат, додека работодавачите добиваат обучен кадар кој е подготвен веднаш по завршувањето на образованието да излези на пазарот на трудот и успешно да ги врши своите работи“, кажа Жанета Видеска, в.д. директор на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Според стопанската комора и експертите без взаемна соработка на бизнисот и образованието потребата од работна рака во државава само ќе се зголемува, а со тоа и иселувањето на младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи