Филмски фестивал на кракот филм „Winter Apricots“ 2023

Од 14-ти до 16-ти декември, во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи осмото издание на интернационалниот фестивал на краток филм „Winter Apricots“. Фестивалот во текот на трите денови ќе понуди многубројни настани вклучувајќи филмски проекции, концерти, промоција на книга, панел дисксуии и останати активности.

Официјалното отворање на фестивалот е закажано за четврток 14-ти декември од 21.00 часот со концерт на кумановската група СИЗ. На концертот ќе му претходи пред-фестивалска проекција на видео-арт од уметникот Борјан Заревски под кураторство на Влатко Галевски, како и традицоналната проекција на кратки танцови филмови од фестивалот во Џенова, „FuoriFormato“.

Вториот ден на фестивалот започнува со проекција на кратки италијански филмови во соработка со Италијанскиот национален институт за кратки филмови во Торино и Италијанската амбасада во Скопје. Вечерните термини се резервирани за натпреварувачките селекции, Балканска и Официјална селекција.

На последниот ден, во сабота 16-ти декември, со почеток од 12.00 часот во кафе-галеријата „Лувр“ ќе биде промовирана книгата „Замислување на мирот: Дијалог за перцепцијата“ на режисерот Вим Вендерс и проф. д-р Мери Зурнази во издаваштво на Филозофскиот Филмски Фестивал и Филозофското друштво на Македонија, а промотор на книгата ќе биде Александар Еленин.

Со почеток од 17.30 во киното „Мис Стон“ ќе бидат прикажани нови македонски кратки филмови, за кои што организаторите велат дека „ги истражуваат границите на националната продукција, нагласувајќи ја важноста на силниот авторски пристап во филмот“.

Во последниот филмски блок од фестивалот ќе биде прикажана втората половина од Официјалната селекција, после која што жирито ќе ги соопшти наградените филмови. Фестивалот се затвора со концерт на Летечки Пекинезери, проследен со дегустација на храна и пијалоци во соработка со здружението „Slow Food“ Прилеп.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 43 филмови, распоредени во натреварувачка и придружна програма.

Еден новитет на годинашото издание е и дизајнот на билетите за фестивалот. Оваа година „Winter Apricots“ одлучи да ја прослави уметноста на тројца македонски уметници прикажувајќи ги нивните дела на билетите, во духот на еден фестивал кој што ги негува и вреднува ситe уметнички форми: Димитрие Дурацовски, Никола Пијанманов и Борко Лазески.

Жири членови на фестивалот оваа година се режисерката Ана Јакимска од Македонија, режисерката Елиса Баколо од Италија и организаторката Милена Ѓуќич од Црна Гора. Покрај жири членовите, фестивалот ќе биде домаќин на домашни и интернационални гости, професионалци од филмскиот свет.

Фестивалот оваа година за прв пат е поддржан од Агенцијата за Филм.

За повеќе информации: https://www.facebook.com/winterapricotsfestival

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи