Дневната евтина тарифа за сега достапна само за дел од граѓаните

Facebook
Twitter
Email
Print

Дневната евтина тарифа за сега достапна само за мал дел граѓани.  Досега сетирани се  1/4 од броилата или 160.000 од вкупно 630.000 кои не можат да се сетираат далечински. Оние кои последни ќе добијат евтина струја се истите на кои последни им била и укината.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски веќе изјави дека не е реално 600.000 броила да бидат сетирани во еден ден. Бислимовски испраќа смирувачки тонови дека никој нема да биде оштетен. Од ЕВН Македонија велат дека воведувањето на евтина тарифа се прави по истиот принцип како и при укинувањето, односно тие домаќинства на кои први им беше укината оваа бенефиција сега први ја добија.

„Вообичаено, како и порано, домаќинстават се поделени во 4 групи. Ние започнавме  со сетирање на броилата  од 1. Но дневна евтина прво ќе добијат од 1 до 7, втората група од 7 до 14, третатат од 14 до 21 во месецот и така натака. Ова значи кога ќе се укинува дневната евтина тарифа, кај тие од 4 група најдоцна ќе се укине“, велат од ЕВН.

Инаку од околу 800 илјади броила во државата, 170,000 се далечински. Тоа се оние броила каде има проблематични потрошувачи и не е безбеден пристапот до екипите на ЕВН. Останатите, дигитални, од ЕВН велат дека ќе бидат сетирани до крајот на месецот, а мал дел каде намаат пристап ќе останат и за во јануари наредна година. На секое броило кога има евтина тарифа се појавува ознаката Т2.

Но според канцеларијата на народниот правобранител оваа практика е дискриминирачка, бидејќи ЕВН имаа доволно време да ги направат потребните подготовки кај сите домаќинства во претходниот период.

Инаку дневната тарифа ќе важи секој ден од 13 до 15 часот, како и од 22 до 7 изутрина  и во недела цел ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи