ВИДЕО – Пензионерите: Со најниската пензија не можеме да преживееме ниту 2 недели, бараме поддршка од пратениците


Пензионерите утре од цела Македонија повторно ќе протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието на Република Македонија затоа што велат дека ја изгубиле доверба во Владата и премиерот Ковачевски. Ќе бараат поддршка од пратениците. Обвинија дека министерката за труд Тренчевска лажела дека најниската пензија во Македонија е 13.200 денари, затоа што последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажувале дека таа изнесува 12.529 денари. Разочарани се и од недобивањето на поддршка и од претседателот Пендаровски.

„Значи со 12.529 денари, според новото покачување, луѓето верувајте немаат ниту 2 недели да живеат, лековите не можат сите да ги купат, затоа што лековите се скапи бидејќи ни препишуваат лекови што не се на позитивна листа. Ние можеби имаме просечен живот околу 73 години и сега и тој живот, во тие 10 години што ни преостануваат после пензионирањето, тие несакат да ни биде достоен“, вели Верче Јанческа, пензионер.

Сметаат дека Владата со нивите антикризни мерки во кои се вклучени и пензионерите само сакала да ги поткупи пред избори, но тоа немало да се случи.

„Пензионерот никој не може да го купи затоа што тој е болен, гладен и на пензионерот не му се платени сметките и данокот. Најверните гласачи на пратениците, односно најприсутните во Македонија се пензионерите. Затоа младите заминаа. Тие нема да дојдат да гласаат, ако пензионерите не излезат да гласаат нема да има цензус“, додаде Јанческа.

Истакнаа дека по никоја цена и независно од преземените мерки тие нема да отстапат од нивните барања, 5.000 денари линерано покачување за секој пензионер и минална пензија од 18.000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи