Се преврти товарно моторно возило на Плетвар

Товарно моторно возило се преврти на планинскиот премин Плетвар. Од итната помош во Прилеп кои веднаш излегле на лице место велат дека во камионот бил сам возачот кој поминал со полесни телесни повреди, за дополнителни испитувања е препратен на хируршкото одделение во општата болница во Прилеп. Од СВР Битола се очекуваат повеќе детали околу овој настан, за тоа како дошло до несреќата и од каде е возилото. Во моментов се врши увид на местото на несреќата. Фотографијата до редакцијата на Инфо Компас ја испратија наши читатели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи