Совет на ЕУ: Прво уставни измени, па потоа преговори

Facebook
Twitter
Email
Print

Советот за општи работи на Европската Унија донесе одлука со која само го повтори претходниот став дека Македонија нема да започне преговори со ЕУ додека не ги усвои уставните измени.

„Потсетувајќи на заклучоците на Советот од јули 2022 година, Советот го поздравува одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија во јули 2022 година и успешното завршување на скрининг-состаноците. Советот е подготвен да свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, во согласност со внатрешните процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие измени. Потоа, Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро во согласност со Преговарачката рамка“, стои во предлог заклучоците усвоени од Советот.

Во нацрт-заклучоците, за кои ќе дебатираат министрите за надворешни и за европски прашања на земјите членки на ЕУ се наведува дека има потреба од забрзување на реформите во делот на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и професионалноста на јавната администрација.

„Советот го поздравува нивото на подготовка на Северна Македонија во клучните области и ја нагласува важноста од забрзување на ЕУ-реформите и натамошна консолидација и имплементација, особено во суштинските области (Fundamentals) и владеењето на правото. Северна Македонија треба да испорача независност, професионалност и непристрасност во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформа на јавноста администрација. Советот изразува сериозна загриженост за некои измени на Кривичниот законик што влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, како и на несоодветни надворешни влијание врз работата на Судскиот совет и судството. Советот исто така повикува Северна Македонија да продолжи со напорите за понатамошно зајакнување на основните права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата или на заедниците, слободата на медиумите и слободата на изразување“,пишува во предлог заклучоците.

Сепак, во документот исто така пишува дека Советот е подготвен да свика уште една меѓувладина конференција доколку во меѓувреме се изгласаат уставните измени во Македонија.

„Советот е подготвен да свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, во најскоро време штом Македонија ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени како што е наведено во Заклучоците на Советот од јули 2022 година, во согласност со неговите внатрешни процедури.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи