Голем Божиќен конкурс на тема Рождество Христово – Божиќ

Организациониот одбор при храм „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ во нас. Точила, Прилеп, за прв пат објавува ГОЛЕМ БОЖИЌЕН КОНКУРС за литературна творба (проза или поезија) и ликовна творба на тема: РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИЌ.

„Овој голем христијански празник е повод за инспирација и творештво на малите уметници од нашиот град а со цел приближување на верата и овој радосен празник до нивните срца како и нивно обединување и интегрирање во црковниот живот.

На конкурсот може да учествуваат сите ученици од основно образование од нашата општина. Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории – литературна и ликовна:

I категорија: Од 1-во до 5-тто одделение и

II  категорија:Од 6-то до 9-тто одделение.

За литературната категорија учесниците можат да пишуваат проза или поезија најмногу две страници А4 формат (12 фонт), а во ликовната категорија можат да учествуваат со цртеж (на блок бр. 4 или 5).

Конкурсот ќе трае од 12.12.2023 до 31.12.2023 година. Творбите да бидат потпишани со име, презиме, училиште, одделение, одделенски или предметен наставник, адреса на живеење и телефонски број за контакт. Творбите да бидат доставени во писмена и во електронска форма(за цртежите фотографија) на е-поштата на храм Св. Петка: svetapetkatocila@gmail.com.

Творбите ќе ги оцени жири комисија:

  • В.д. старешина на храм Св. Петка, протоереј Љупче Петрески,
  • Блага Тутеска, наставник по македонски јазик во пензија и поетеса,
  • Павлинче Чочкова, наставник во пензија,
  • М-р Александар Џинго, професор по ликовна уметност во средно училиште и,
  • Елена Димоска, наставник по ликовно образование.

Во секоја од четирите поткатегории ќе бидат рангирани победници на прво, второ и трето место. Жири комисијата во литературната и ликовната категорија ќе додели и две специјални награди од првите две места во двете категории.

Резултатите ќе бидат објавени на 5 јануари 2024 г. на фејсбук страницата на храмот: Света Петка Прилеп.

Утрото на Бадник, по завршувањето на богослужбата, ќе биде свеченото доделување на наградите пропратено со кратка пригодна програма. Сите учесници ќе добијат пофалници и пригодни награди а првите, вторите и третите места ќе добијат дипломи и предметни или парични награди.

Сите уметнички дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат изложени во храмот во текот на цела седмица по Божик, а на Бадник победниците во литературните поткатегории ќе треба да ги прочитаат своите дела пред присутните а по завршувањето на богослужбата.

Храмот, како организатор, има право сите, или дел, од творбите да ги објави и на својата фејсбук страна.

Се надеваме дека ќе имаме голем број на учесници кои ќе не мотивираат ваков конкурс да биде организиран и во наредните години!

Бог да ве благослови и да ве инспирира да ја распалите вашата имагинација и талент!“, велат од организациониот одбор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи