ВИДЕО – Учениците од СОУ Ѓорче Петров на пракса во реномираната „BHT Clinic“ во Истанбул и „Istanbul Nisantasi University“


Проектите од Еразмус плус програмата им овозможуваат на голем број наши средношколци да се стекнат со знаења и искуства кои во Македонија не се во можност истите да добијат. Типичен пример за тоа е СОУ Ѓорче Петров од Прилеп кое веќе 11 години е дел од Еразмус плус и досега имаат имплементирано огромен број на проекти. Последниот проект им овозможи на учениците од здравствената струка, профил медицинска сестра за прв пат да имаат пракса во една од најсовремените болници во Турција. Мултиспецијалистичката болница BHT клиник во Истанбул која што е водечки центар за роботика и вештачка интелигенција во областа на медицината во Турција како и во Универзитетот „Istanbul Nisantasi University“.

„Целта на овој проект е учениците да имаат европска пракса, да ги применат во реална пракса вештините кои ги стекнале во текот на наставата и да се стекнат со нови знаења и вештини во реномирани универзитети и болници во странство. И поддршка на професионалниот развој на наставниците во областа на дигиталната технологија и нејзината примена во образованието“, истакна Жанета Видеска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Реализаијата на проектот беше овозможена преку Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.

 „Овој проект е од особена важност за личниот и професионалниот развој на нашата училишна заедница како и за зголемување на атрактивноста и релевантноста на нашето училчиште. Проектот овозможува трансфер на стекнатото знаење и искуство на останатите ученици и професори и секако негова имплементација во реалниот сектор во здравството и во образованието“, додаде Неда Ченто, координатор на проектот.

Учениците велат дека стекнале одлично ново искуство и знаење и би сакале и кај нас да има болници со современа апаратура и така поставен здравствен систем.

 „Ние видовме и техники и технологии, како и луѓе кои имаат многу знаење и тоа и тоа мислам дека ни влијаеше на нас. Позитивно искуство кое ги надмина моите очекувања. Исто и болницата, но и Универзитетот. Тие пробуваа да ни ги раскажат и објасната сите начини и процедури на кои им е организирано нивното училиште и болницата. И тоа меслам дека тоа треба да влијае на сите нас и како држава, на нашите болници и училишта за да може да си го подобриме здравството и едукацијата“, додаде Матеј Шлакески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

Веќе била договорена и друга група на ученици кои треда да ги посетат овие установи во Турција за надоградување на нивните знаења и искуства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи