Во сабота на 23.12. голем предновогодишен хуманитарен концерт во Прилеп – „Заедно за нов живот”


На 23.12 во сабота прилепчанките Данче Оклеска, која што е дел од неформалната организација за предвремено родени деца и Маја Црвенкоска, соло пејач од нашиот град, го организираат хуманитарниот концерт, со слоганот „Заедно за нов живот”, кој за прв пат се организира во нашиот град.

Карти по цена од 150 денари веќе се во продажба во: кафе Стори, кафе Еспресо и Кафе галерија Лувр.

Со собраните средства ќе биде набавен монитор или аспиратор за неонаталошкото одделение во прилепската болница.

Дојдете и уживајте во празничната магија со познати музички имиња од нашиот град и пошироко.

За сите присутни ќе има и изненадување, специјален гостин наша голема ѕвезда од естрадата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи