ВИДЕО – Започна хуманитарната акција во прилепските цркви – да бидеме хумани и да донираме кој колку може


Во 4-те прилепски цркви Света Петка, Свети Кирил и Методиј, Свето Преображение и Свето Благовештение по 16 пат се поставија добро познатите црвени кутии за донации, во состав на хуманитарната акција која ја организира неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски, која функционира во состав на црквата „Св. Благовештение“. Граѓаните освен парични средства може да донираат и нерасиплива храна и хемиски производи. Со собраните средства се купуваат прехрамбени производи и се прават хуманитарни пакети за околу 150 семејства.

Ние како хуманитарна организација пробуваме да ги поделиме пакетите баш таму каде што треба во соработка со свештенството од прилепските цркви и црквите пчо селата. Да се направи тој список и да се доделат пакетите таму каде што треба. Јас како и секоја година така и оваа ќе ја искористам приликата да апелирам до свештениците да пробааат да го редуцираат тој список, да направат подобар список за да стигнат пакетите во виситнски раце, таму каде што треба. Оваа година ќе пробам да контактирам и со Центарот за социјална работа да го провериме тој список“, вели Драган Џокоски, хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Кутиите за донации ќе бидат поставени до 28 декември, а пакетите ќе бидат поделени пред Божик. Од подготвените пакети околу 100 остануваат во Прилеп, а останатите ќе бидат поделени на социјално ранливи категории граѓани кои живеат во прилепските села.

Впрочем тоа е и целта на оваа хуманитарна акција и организација да се разбуди хуманитарната свест кај луѓето, кај верниците. Се надевам дека успеавме во тоа. Како верници за време на постот, секој пост нема да биде комплетен ако не направиме едно добро дело, впрочем ова донирање е еден дел од тој пчост кој што треба истиот да го комплетира“, истакна Џокоски.

Кога ќе се одбележува градската слава Свети Никола, кај параклисот во центарот на градот парите од сите купени црковни свеќи, кои ќе бидат изложени на посебни маси, исто така ќе бидеат вклучени во хуманитарната акција.

На тој ден поставуваме неколку маси околу самиот Параклис, убаво означени дека тие се свеќи од црквата. Дека се за донација и сакам да упатам еден апел до граѓаните и верниците кои доаѓаат да го посетат тогаш Параклисот да купат токму од тие маси, затоа што има и други кои доаѓаат да продаваат тука свеќи на тој ден ја користат приликата. Граѓаните да купуваат од тие маси затоа што со тие пари ги правиме пакетите“, додаде Џокоски.

Инаку во текот на целата година во црквата Свето Благовештение во влезниот дел има поставено ваква кутија, а со тие пари преку целата година се помагаат семејства на кои им требаат пари за лекување, луѓе чии домови се опожариле или имаат потреба од било каква друга помош.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи