Денес почнува осмото издание на меѓународниот фестивал на краток филм „Winter Apricots“

Од 14 до 16 декември 2023 година, во Прилеп, по осми пат ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“. Фестивалот кој што ќе го оживее Прилеп преку филмови, музика, работилници, разговори, дружби и добро друштво.

За време на фестивалските денови ќе имате можност да погледнете филмови во три натпреварувачки селекции (национална, балканска и интернационална), како и неколку придружни програми. Покрај филмови, фестивалот ќе биде домаќин и на повеќе гости, работилници, концерти, како и специјални програми.

Денес во 17.30 часот, во просториите на киното “Мис Стон“, фестивалот започнува со една посебна проекција насловена “ЗА ВИДЕОАРТОТ НА ЕДЕН ФЛАНЕР (клиничка слика на периферното)“. Интригирачко патување во светот на видеоартот на уметникот Борјан Заревски презентирано од страна на кураторот Влатко Галевски, како совршен вовед во Winter Apricots 2023.

Музичката програма на фестивалот исто така започнува денес со концерт на енергичното авангардно дуо СИЗ од Куманово, со почеток од 21.00 часот. Во сабота вечер односно затворањето на фестивалот е резервирано за свинг-одисејата на Летечки Пекинезери и нивнaта инволвирачка атмосфера.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи