Албанија враќа дваесет украдени икони од македонските цркви

Facebook
Twitter
Email
Print

Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години. На ова му претходеше силен бран на грабежи во периодот од 2009 до 2013 година посебно во Западна и Југозападна Македонија каде беа однесени стотици икони.

Според министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ова е плод на добрата соработка со Владата на Албанија. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

„Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Северна Македонија и Албанија“, посочија од Министерството за култура.

Кражбите претежно се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дреново додека во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор.

Дел од иконите кои се враќаат се украдени од црквата „Св. Атанасиј“ во Ресен, пет икони од црквата Св. Богородица, во селото Ѓавато, исто толку од црквата Св. Атанасиј во Струга, три икони од црквата Св. Никола во селото Радожда и три од црквата Св. Богородица во Струга.

Инаку, меѓу 20-те украдени икони, е и иконата на Дичо Зограв, еден од најпознатите иконо и фрескосликари на Балканот во 19 век.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент од 37 идентификувани икони во Албанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи