ВИДЕО – Тутунарите го бојкторираат откупот на тутун, вагите денеска останаа празни


Тутунарите го бојкторираат откупот на тутун. Денеска на последниот ден од законскиот рок за почеток на откупот сите пунктови во државава иако беа отворени вагите останаа празни. Ваква пуста слика на откупните пунктови не се памети одамна. Тутунарите велат дека производната цена ги чини над 300 денари и немало никаква смисла истиот да го предаваат со загуба.

Затоа ги повикуваме да се одважат откупувачите, да ги покачат цените, затоа што тие се тие цело лето што ни ветуваа дека ќе ги покачат цените, ветуваа дека се прифатливи цени, вакви цени, такви цени, а на крајот нема ништо. Не треба да тактизираат со маката на тутунарите“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Годинава цените според договорите се исти како и лани, 300 денари за прва, 240 за втора и 180 денари за трета класа. Дел од тутунските здруженија иако претходно бараа 600 денари, велат дека може да попуштат до 500 денари, но никако под таа цена.

 „Производната цена додека се произведуваше тутунот достигна некаде над 300 денари, така да да даваме тутун под производна цена мислам дека нема логика“, кажа Васко Јосифовски, тутунско здружение „Тутунска надеж“.

Тутунарите бараат помош и од државата затоа што велат дека ова е пресудна година за тутунопроизводството во Македонија. Доколку не се плати реално в година ретко кој и ќе сади тутун.

Со ова ќе се соочиме и со проблеми за наредната година, тутунот уште помалку да се сади на нивите и уште помала количина да имаме. Тутунот не смее да се уништи, треба да се покачат цените за да може да се сади и в година“, додаде Стомнароски.

 

„Веројатно нема да се сади, ќе се случи истото што се случи со шеќерната репа, со сончогледот кој се обидуваат да го вратат не успеваат. Веројатно и тутунот ќе замине во историја доколку не се покачат цените, ова е пресудната година, од оваа година натаму или ќе го има или ќе го нема“, потенцираше Јосифовски.

Инаку годинава родот е преполовен и не тежи повеќе од 13 милиони килограми,што пак е двојно помалку од потребите на откупувачите кои според договорите бараат 26 милиони килограми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи