Крушево во моментот со највисока снежна покривка во Македонија

Најниска температура од -2 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе и Маврови Анови со -1, во Крушево 0, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Берово, Охрид, Претор, Дебар po 3, Тетово, Виница 4, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип 5, во Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Дојран 6 и во Гевгелија 8 степени.

Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд 28 л/м2 е наврнат во Маврови Анови, потоа 27 во Крушево и Тетово, 24 Дебар, 20 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Попова Шапка, 19 Лазарополе, 16 Крива Паланка, 13 Битола, Куманово, 12 Скопје-Петровец, Прилеп, 11 Ѓуриште, 9 Демир Капија, 7 Кавадарци, 6 Штип, Виница, 4 Велес, Берово, 3 Пожар, 2 Струмица, Претор, 1 Гевгелија.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 18 см има во Крушево, 14 на Попова Шапка, 13 Маврово и 4 см во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи