ВИДЕО- Јанкулоски: Најнеспособната власт предводена од СДСМ и ДУИ, повторно ги остави тутунарите на милост и немилост


Најнеспособната власт предводена од СДСМ и ДУИ, повторно ги остави тутунарите на милост и немилост. И покрај нивните лаги дека оваа година ќе биде вреднуван трудот на овие чесни луѓе, фактите го говорат токму спротивното, истакна на денешната прес конференција, Зоран Јанкулоски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Почитувани,

Најнеспособната власт предводена од СДСМ и ДУИ, повторно ги остави тутунарите на милост и немилост. И покрај нивните лаги дека оваа година ќе биде вреднуван трудот на овие чесни луѓе, фактите го говорат токму спротивното.

Откупот започна без да се поткренат цените по класи. Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите кои многупати во минатото алармираа дека е потребно зголемување на цените поради зголемени трошоци за производство.

Ова е уште еден доказ дека за СДСМ не е важно тутунопроизводството и земјоделството. Погубните политики на СДСМ и ДУИ доведоа да од некогашни 30 милиони килограми, производството падне на ниски 12-13 милиони килограми тутун.

И наместо да позира на партиски настани, министерот за земјоделие требаше биде на откупните пунктови на првиот ден од откупот рамо до рамо со тутунарите. Како ќе им зборува на овие луѓе дека централната власт се грижи за тутунарите, кога за производство на килограм тутун се потребни околу 270 денари, за истиот сега да се откупува за 300 денари? Како ќе им зборува на овие луѓе, кога владата не презеде апсолутно ништо за превисоката инфлација, за прескапите репроматеријали за производство, кога не презеде никакви конкретни мерки за олеснување на производствениот процес ниту пак сега за висината на откупната цена?

Доколку централната власт, со конкретни чекори сака да им помогне на тутунарите, потребно е владата и министерството, да интервенираат преку Тутунски комбинат Прилеп кој е во државна сопственост со кревање на откупната цена на своите кооперанти со што би довело и останатите компании да го сторат истото.
Државниот земјоделски инспекторат треба секојдневно да биде на терен, како би се спречиле евентуални злоупотреби.

Почитувани,
Владата на СДСМ и ДУИ е минато. Токму од тутунарите и земјоделците ќе започне падот на оваа централна власт, која освен за масовен грабеж, корупција и богатење на грбот од народот, не знае за поинаку. После парламентарните избори и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, тутунарите ќе добијат вистински сојузник кој ќе знае да излезе во пресрет на нивните барања и потреби.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Сабота, 16 декември 2023

„Откупот започна без да се поткренат цените по класи. Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите кои многупати во минатото алармираа дека е потребно зголемување на цените поради зголемени трошоци за производство.

Ова е уште еден доказ дека за СДСМ не е важно тутунопроизводството и земјоделството. Погубните политики на СДСМ и ДУИ доведоа да од некогашни 30 милиони килограми, производството падне на ниски 12-13 милиони килограми тутун.

И наместо да позира на партиски настани, министерот за земјоделие требаше биде на откупните пунктови на првиот ден од откупот рамо до рамо со тутунарите. Како ќе им зборува на овие луѓе дека централната власт се грижи за тутунарите, кога за производство на килограм тутун се потребни околу 270 денари, за истиот сега да се откупува за 300 денари?  Како ќе им зборува на овие луѓе, кога владата не презеде апсолутно ништо за превисоката инфлација, за прескапите репроматеријали за производство, кога не презеде никакви конкретни мерки за олеснување на производствениот процес ниту пак сега за висината на откупната цена?

Доколку централната власт, со конкретни чекори сака да им помогне на тутунарите, потребно е владата и министерството, да интервенираат преку Тутунски комбинат Прилеп кој е во државна сопственост со кревање на  откупната цена на своите кооперанти со што би довело и останатите компании да го сторат истото.

Државниот земјоделски инспекторат треба секојдневно да биде на терен, како би се спречиле евентуални злоупотреби.

Владата на СДСМ и ДУИ е минато. Токму од тутунарите и земјоделците ќе започне падот на оваа централна власт, која освен за масовен грабеж, корупција и богатење на грбот од народот, не знае за поинаку. После парламентарните избори и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, тутунарите ќе добијат вистински сојузник кој ќе знае да излезе во пресрет на нивните барања и потреби“, истакна Јанкулоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи