„Градбата на споменикот Илинден преку документи и фотографии“ – изложба на историчарот на уметноста Борис Маркоски


Во споменикот Илинден, во Крушево, се отвори изложбата од едукативен карактер, проект на Борис Маркоски, историчар на уметноста, насловена како „Градбата на споменикот Илинден преку документи и фотографии“. Целта на овој проект е да се открие сегментот кој постојано недостасува кај посетителот, а тоа е како, кога и кој го градел Споменикот Илинден. На паноата се изложени фотографии и документи за целиот тек на неговото градење. Авторот Борис Маркоски, заблагодарувајќи се до посетителите, истакна дека идејата и мотивот за оваа изложба било неговото децениско искуство со посетителите во ѝ споменикот и прашањето како тој настанал и како бил изграден. Токму тој сегмент бил мотив да започне со истражувањето во кое тој хронолошки ги собрал податоците преку документи и фотографии за идејата, почетокот и текот на градбата, како и сите учесници и фактори.

 

 

„Имено редовните сознанија за значењето на овој спомен комплекс во своите уметнички претстави со кои ја осликува и чува историјата на македонсиот народ во најважните историски периоди, кои ние им ги пренесуваме на посетителите кои се со големи импресии од сето тоа, сепак останува еден сегмент кој останува невиден и несознаен при тие посети. Тоа е периодот на зачнувањето и раѓањето на овој споменик. Затоа преку истражувањето кое го спроведов во тековната година, ги собрав и подредив хронолошки податоите во вид на документи ифотографии за начинот како е почнат и работен, со кои материјали и сите попратни проблеми при истата. Кои се четворицата великани на современата уметност и архитектура кои како четворица јавачи на апокалипсата го создадоа ова ремек дело на бруталната уметност во рамките на македонската поствоена современа уметност. Затоа овие луѓе, ова дело и цело негово создавање останува аманет кој мора да го заштитуваме, одржуваме и чуваме како заедничко македонско уметничко и историско дело. Дело кое е вреднувано од светската уметност на високите места во современата уметност и архитектура“, истакна Маркоски.

 

 

 

На отварањето на изложбата свое излагање имаше и проф. Емил Солески којј ги истакна придобивките на работата на авторот на Споменикот Илинден, Јордан Грабул, кој во своето творење во минималистичкиот израз, бруталната форма, го избразди правецот на современата уметност во Македонија. Подвлекувајќи дека сите сме должни да ги чуваме културните и уметнички придобивки од нашите доајени на уметноста.

Збор имаше и првиот директор на Националната Установа Историски музеј – Крушево господин Крсто Топузоски, кој во своите 95 години возраст  се потсети на  текот на изградбата. Инжинерите кои се ангажирале во цел процес, а најмногу за главниот мајстор, палирот Стефан Лекоски, кој како водач на градежните дејствија уште еднаш ја покажал својата умешност и способност во својот мајсторлук. Топузоски исто потенцираше дека името Македониум е име на проектот, работен наслов, додека името на овој споменик е „Споменик Илинден“.

 

Оваа изложба треба да остани постојано во Споменикот Илинден како едукативен материјал за секој посетител, но ќе се преземелем и иницијативи изложбата времено да биде носена низ цела Македонија со цел едукација на што повеќе луѓе за овој споменик кој не претставува насекаде низ светот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи