Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Facebook
Twitter
Email
Print

Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на околу 526 човечки судбини, за кои досега е извршен упис во матичната книга на родените на 409 лица, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски.

На денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, премиерот истакна дека овие проблеми се веќе минато.

„Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца. Едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато. Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на многу наши граѓани“, рече премиерот.

Ковачевски ги пофали невладините и ги замоли ако има уште вакви преостанати граѓани кои ги нема никаде во системот, да ги најдат, за и тие да бидат впишани во Матичната книга на родени и да ги добијат натаму сите права.

На настанот присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи