Се освети вода и прекрши славскиот колач во Тризла маало пред параклисот на Свети Никола


Денес во чест и спомен на светиот Николај архиепископот Мирликијски Чудотворец се освети и прекрши славски колач и се освети вода во маалското место наречено  Тризла маало пред параклисот посветен на истоимениот светител. При што се собраа жителите на населбата и со празничен дух и вера го прославија Бог и заштитникот на нивното маало, а воедно и на градот Прилеп.

По молитвите на светиот Николај Мирликијскиот чудотворец Господ да ги услиша нашите молитви и да нѐ приведе кон покајание, исповедање на вистинската вера и животот во вечноста.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи