ВИДЕО – Со Божествена Литургија во црквата Св. Благовештение започна одбележувањето на празникот Свети Никола во Прилеп


Со Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Г. Петар во црквата Свето Благовештение во Прилеп започна одбележувањето на градската слава Свети Никола. Овој голем христијански светител е прогласен за заштитник на Прилеп уште во 2006 година затоа што култот и почитувањето на Свети Никола отсекогаш било големо во Прилеп, така што над 50% од граѓаните како куќна слава го имаат токму овој светител. Секоја година празникот има и свој домаќин а оваа година тоа е компанијата Комфи Ангел и нејзината менаџерка, Ирена Јакимоска. Оваа прилепска компанија по втор пат е домаќин на градската слава.

На наше огромно задоволство ја имаме можноста по втор пат да вратиме љубов, внимание, да вратиме она што нас Прилеп ни го дава за нас како компанија. Прилеп ни овозможува да ни биде местото каде што ја создаваме нашата додатна вредност, прилепчани  се луѓето кои што работат и оперативно ја креираат таа додатна вредност, Прилеп е местото каде постои таа компанија и таа компанија чувствува морална одговорност секогаш да ја поддржи општината и секогаш да го поддржи Прилеп и прилепчани. На наше огромно задоволство по втор пат во нашето постоење сме домаќини и ја користам оваа прилика да ги повикаме сите прилепчани да ни дојдат на славскиот ручек, кој ќе биде после 12 часот, голема трпеза каде сите заедно ќе можеме да си поделиме една позитивна енергија и убава мисла“, истакна Ирена Јакимоска, домаќин на годинешната слава.

Прогласувањето на Свети Никола за патрон на Прилеп беше пример тоа потоа да го следат и други градови во Македонија. Градската слава стана познат прилепски бренд во целиот свет со влезот на Прилеп во Гинисовата книга на рекорди во 2008 година кога се направија над 80.000 мали посни сарми, познат специјалитет кој го има само во Прилеп.

 Започнуваме со литургија која сега во овој момент ќе започне, а потоа со една симболика која долги години не беше повторена, ја повторуваме литијата која од овој храм до местото каде ќе се обратиме пред нашите сограѓани, една поворка, симболика која за овој град ќе биде повторување, по што ќе започнеме со традиционалниот празничен ручек, со кој нашите граѓани ќе уживаат во одбележувањето на оваа традиција. Свети Никола всушност означува и почитување на верата, но и на историјата, нешто што нашиот народ не смее да го заборави, нешто што нас нѐ зближува“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

По завршпувањето на Литургијата од црквата Свето Благовештение ќе има Литија до параклисот на Свети Никола во центарот на градот каде ќе има водосвет и прережување на славскиот колач. За сите присутни домаќинот обезбедува и посна трпеза, а свој настап ќе има и црковсниот хор на Прилеп, како и нашата поп дива Калиопи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи