ВИДЕО – Јовчески: Новогодишниот Базар ќе понуди многу забава, гастрономски специјалитети и одлична атмосфера за сите посетители

За прв пат Општина Прилеп организира три дневен Новогодишен Базар кој ќе се одвива на платото пред Саат кулата, каде ќе има музика, одлично расположение, нашите граѓани и малите деца ќе уживаат во различни содржи, за посетителите ќе има греено вино, ракија, гастрономски специјалитети и многу нешта кои ќе им бидат понудени, изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој ги најави новите содржини кои ќе се случуваат во Прилеп, пред Нова Година.

„Новогодишниот Базар ќе трае на 28, 29 и 30 овој месец. Ќе има и хуманитарен акцент овој настан, но и ќе се продаваат различни производи, домашни специјалитети, ќе има навистина што да се понуди на нашите граѓани и гостите кои со задоволство ќе го посетат нашиот град“, додаде Јовчески.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи