Денеска на празникот Св. Никола да донираме за оние на кои помошта им е најпотребна


По 16 пат неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски во 4-те прилепски цркви ја организира хуманитарната акција за големиот христијански празник Божик. Во сите цркви во Прилеп се поставени кутии за донации, а денеска таква кутија ќе има кај параклисот на Свети Никола во центарот на градот каде ќе има водосвет и прережување на славскиот колач.

Исто така сите оние кои ќе купат од црковните свеќи парите од свеќите ќе бидат наменети за оваа хуманитарна акција.

Со собраните средства се купуваат прехрамбени производи и се прават хуманитарни пакети за околу 150 социјално загрозени семејства. Граѓаните исто така може да донираат и нерасиплива храна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи