ВИДЕО – Изградба на 30 станбени единици на местото викано Ивани Дол во Кичево


Изградба на 30 станбени единици на местото викано Ивани Дол во Кичево. Вклучува една дневна соба со кујна, една спална соба и бања со тоалет. Становите се дизајнирани да бидат со површина од 45м2. Има Отворен повик за аплицирање со посебен акцент на ромската заедница што живее во населбата „Прилепска“ во Општина Кичево.

„Програмата за социјално домување на Ромите во Кичево е развиена со цел да се реши најголемиот проблем на ромската заедница во Кичево, а тоа е проблемот со домувањето“, рече Мирсад Рамазаноски-Ромски информативен центар Кичево.

„Програмата за социјално домување е пристап кој ќе ги таргетира ромските семејства со ниски приходи. Преку изградбата на социјалните станови ќе се овозможи подобрување на условите за домување на ромските семејства“, кажа Стојан Грујоски-ЈУ МЦСР Кичево.

Конструкцијата ги опфаќа сите комунални приклучоци: вода, електрика, канализација. Становите ќе бидат опремени со кујнска опрема и опрема за во бања. Материјалите што се користат во изградбата на становите се според стандардите вклучувајќи и изолација, ПВЦ прозорци со двојно стакло.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи